дома Македонија Владата во понеделник ќе ги открие имињата на 58-те тајни хонорарци

Владата во понеделник ќе ги открие имињата на 58-те тајни хонорарци

Во понеделник ќе бидат објавени имињата на 58 хонорарци кои биле ангажирани од Владата во декември и на кои им се исплатени хонорари од околу 37 илјади евра за еден месец.

Ова го соопшти портпаролот на Владата, Душко Арсовски, во емисијата „360 степени“.

Не ни паѓа на памет во Владата да криеме какви било податоци и можам да кажам дека откако се направени сите консултации и анализи е востановено дека преовладува јавниот интерес и овие имиња можат да се објават. Од понеделник, преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе може да се добијат овие имиња, бидејќи се работи за јавни пари и нема потреба да се крие ништо – изјави Арсовски.