April 18, 2024, 10:28 pm

Владата денеска ќе донесе препорачана цена за струјата – ќе има ли поскапување?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска треба да ја даде препорачаната цена за електричната енергија која во четврток ЕСМ ќе ја достави како понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Владата на затворена седница ќе го разгледува финансискиот и планот за производство на електрани за 2022 година – првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски иако бројки не открива – вели цела табела од цени е доставена до Влада. 

  „Ги направивме сите подготовки за утврдување на цената на електричната енергија со план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022 година, со табела од цени доставени до Владата која пак треба да донесе одлука со препорачана цена за количините на електрична енергија кои што АД ЕСМ ќе ги испорачува на ЕВН Хоум како универзален снабдувач на енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата. Ние како АД ЕСМ одлучивме наместо со минимум 60 отсто, во 2022 година кон ЕВН Хоум да испорачуваме 100 проценти енергија. Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година.“ – изјави вчера Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Тој рече и дека се прават напори да се зголеми домашното производство на струја, и наместо законскиот минимум од 60 проценти, Државните елктрани да ја обезбедат целата потребна количина за домаќинствата. 

„Законска обврска со Договорот за либерализација е дека во 2022 задолжително треба да ги снабдуваме со минимум 60 отсто од произведената енергија, но ние донесовме одлука да испорачуваме 100 проценти енергија кон ЕВН Хоум во наредната година. Тоа значи дека оваа компанија нема да набавува дополнителни количества струја кои на странските берза се со многу повисоки цени. Така, нашата компанија и натаму ќе остане стабилизатор на цената на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи. Очекуваме во наредните денови Владата да донесе таква одлука, да препорача цена, и веќе до 9 декември до кога е отворениот повик на ЕВН Хоум да доставиме официјална понуда и да почнеме подготовки за реализација на планот за 2022 година“, изјави Ковачевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This