дома Македонија Владата донесе одлука за отпис на камата, Бајрами од Aнтиkoрупциска тврди дека...

Владата донесе одлука за отпис на камата, Бајрами од Aнтиkoрупциска тврди дека се работи за предизборен потkyп

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19.

Овој предлог-закон, како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, беше вклучен во петтиот пакет мерки на Владата, опфаќа околу 150.000 граѓани и ги уредува условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.

Со ова законско решение им се овозможува на граѓаните, растеретени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

Мерката на Владата со кој се отпишуваат каматите за долгови е проблем и може да се смета за поткуп, вели Нури Бајрами, член на Антикорупциска во 24 Анализа

„Без да е таа намера објективна, не е во ред, добро треба да се поткрепи кои категории, на јавноста треба да и е јасно што се постигнува со тоа. И затоа пред секои избори се повторуваат ваквите работи, што по мене, едноставно, знчи поткуп, ништо друго“, изјави Бајрами.