Владата донесе одлука: Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од КОВИД-19; Одобрено решението за конечна деконтаминација на линданот во ОХИС

Владата на Република Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита ќе бидат испратени на усвојување во Собранието по скратена постапка, а во нив се предвидени и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.

На денешната седница се донесе Решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС”- Скопје и со заклучок на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на АД „ОХИС”-Скопје.

Ова решение на Министерството за животна средина и просторно планирање следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco” е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС”- Скопје.

Владата на оваа седница ја донесе Одлуката за начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата и другите органи на државната управа со која се утврдува начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата, другите органи на државната управа и правните лица основани од Владата. Одлуката претставува акт кој содржи унифицирани правила за сите институции основани од Владата за начинот на користење на средствата за репрезентација, што до сега не било пракса и секоја институција со интерен акт на свој начин го уредувале начинот и постапката за користење на средствата за репрезентација.

Во одлуката е предвидено дека во случај на непочитување на одредбите на оваа одлука против раководителите опфатени со неа може да се применуваат една од утврдените мерки во член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Владата денеска го прифати предлогот на Комисија за именување за членови на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција” да бидат избрани Александра Мицоска-Митевска, Лилјана Капевска, Мери Илиќ, Ардиан Исеини и Татјана Поповска и донесе заклучок да му препорача на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”, да ги реизбере Драган Антоновски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор и Хаљит Ајдини за член на Управниот одбор и за заменик на генералниот директор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This