Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов “Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување на анекс на договор” и го отфрла како полн со невистини и дезинформации.
Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”.
За манипулативната намера на овој текст говори и фактот што некои позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.
Според неофицијални информации од дипломатски извори, „Инфомакс“ дознава дека сите барања на Бугарија веќе се прифатени од страна на Зоран Заев, а се подготвува и потпишување на анекс на договорот за добрососедство.