дома Политика ВЛАДАТА Е НЕСПОСОБНА, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада доцни со реформите кои...

ВЛАДАТА Е НЕСПОСОБНА, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада доцни со реформите кои без ВМРО-ДПМНЕ ќе предизвикаа дополнителна катастрофа

Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, односно пред 2 месеци. Владата денес призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90% од планот за реформи 3 – 6 – 9, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42%. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални. Сега истите се подобрени. Извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта“.