дома Социјални Мрежи Владата за вакцини моли кај соседите, ама затоа експресно набавија лубриканти, бадеми,...

Владата за вакцини моли кај соседите, ама затоа експресно набавија лубриканти, бадеми, ф,стаци, лампиони, бифтеци

Дојде декември а ние се уште немаме доволно вакцини за сезонски грип, да не зборуваме за вакцини за Ковид 19, вели д-р Андон Чибишев.

Чибишев на својот фејсбук профил напиша дека додека државите со голема посветеност се подготвуваат да го вакцинираат нивното население, нашата влада беше посветена за набавување на лубриканти, бадеми и ф‘стаци.

„Сериозните држави веќе ги добија вакцините и со голема посветеност се подготвуваат да го вакцинираат населението. А, ние, допрва молиме кај соседите да ни донираат вакцини од нивните количини. Набавката ќе стигне дури на лето. Да, ама, затоа експресно набавивме лубриканти, бадеми, ф,стаци, лампиони, бифтеци. Страшно и жално! Неспособни, време е да си одите, стои во неговиот пост на фејсбук.