Владата и Комисијата молчат што договориле за „заедничкиот“ Св. Климент Охридски: Бугарија го слави „големиот бугарски празник“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешниот голем македонски празник, „Св.Климент Охридски“, славењето на македонскиот светец, наш најголем просветител и учител, еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија – се слави и во Бугарија. И тоа како празник на бугарски просветител.

По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија. Православната црква го слави големиот бугарски духовник и просветител св.Климент архиепископ Охридски. По тој повод, во сите епархии на Бугарската православна црква се служи празнична света литургија…, вака бугарското Министерство за надворешни работи го најави денешното чествување на, како што велат, „големиот празник на Бугарската православна црква“

Македонско бугарската мешовита комисија постигна договор за заедничко чествување на јубилејни годишнини на Св. Климент Охридски, иако никогаш не се објави што точно тоа значи и како треба да изгледа. Оттука е нејасно, зошто по најавата на бугарското МНР за славење на „бугарскиот просветител Св. Климент…“ македонската Влада па и мешовитата комисија молчат, пишува „Скопско ехо“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This