дома Македонија ВЛАДАТА НАЈГОЛЕМ TPOШАЧ: Само минатата година Заев ги чинел граѓаните 58 илјади...

ВЛАДАТА НАЈГОЛЕМ TPOШАЧ: Само минатата година Заев ги чинел граѓаните 58 илјади евра

Хотели во земјата и странство, дневници, ресторани, такси, ВИП-салони на аеродроми – дел потреби, а дел лукcyзирања на владините претставници и министрите, може да се утврдат од најновите податоци за трошењата во 2018 година што ги објави Владата. Поголемиот број министерства, според податоците, ги зголемиле трошоците за овие намени во споредба со 2017 година, пренесува А1 ОН.

Најголем тpoшач според податоците за минатата година очекувано се Владата и премиерот Зоран Заев, кои потрошиле над 142 илјади евра за превоз, угостителски услуги, хотели. Од овие
пари, над 58 илјади евра потрошил премиерот

Инаку, Владата во 2017 донесе одлука дека премиерот, вицепремиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обeзбeдyвањето во Владата ќе смеат да тpoшат само по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани, очигледно оваа одлука не ја почитуваат Дураки и Османи, бидејќи нивните трошоци се многу повисоки.

Министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се министрите што потрошиле најмалку пари за угостителски услуги.

Единствените што потрошиле пари за изнајмување возила во странство се Заев, Анѓушев и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Повеќето функционери очигледно не преферираат да користат јавен превоз – тоа минатата година го сториле единствено Едмонд Адеми, Драган Тевдовски, Зоран Шапуриќ, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски, кој потрошил 300 денари за јавен превоз. Адеми трошел и за возење со такси, исто како и министерот за здравство, Венко Филипче, кој потрошил околу 250 евра за такси за 11 месеци.

Најмногу пари за хотелско сместување во странство потрошил министерот Никола Димитров – речиси 10 илјади евра, потоа следуваат премиерот Заев и Бујар Османи, кои потрошиле двојно помалку од Димитров. Драган Тевдовски потрошил 4 илјади евра за хотели во странство, Шекеринска малку над 3 илјади евра, исто колку Анѓушев и Филипче.

Деветмина функционери во 2018 година користеле пари за закуп на стан бидејќи не живеат во Скопје. Најмногу пари се одвојуваат за министерот без ресор Аксел Ахмедовски, односно 4.684 евра за 11 месеци, што значи дека закупот чини 425 евра месечно. Стан под закуп користел и министерот Љупчо Николовски за кого се одвојувале 4.414 евра за 11 месеци исто како и за министерот Бектеши. Корисници на станови биле и Асим Муса, Гоце Чакаровски, Тахир Хани, Кирил Парталов, Рамзи Мехмеди и Билен Саљији.