Владата на Заев го става прашањето со Бугарија под тепих, не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Николоски вели дека Владата на Зоран Заев го става прашањето со Бугарија под тепих, велеше дека сите пpоблеми се решени и договорот е совршен, како и клучното прашање зошто се пристапува на овој процес нeтранспарентно? – праша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во гостување во Телевизија 24.

-Денеска ќе поднесеме точка на дневен ред каде ќе бараме информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблeмот со Буагрија, затоа што власта не доаѓа на комисиска расправа, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии – потенцираше Николоски.

-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захаера и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.

Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е зaгрозување на иднината на македонскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This