дома Актуелно Владата плаќала по 448 денари за една маска, 1.788 за скафандер

Владата плаќала по 448 денари за една маска, 1.788 за скафандер

epa08517923 An ambulance carrying patient infected with the novel SARS-CoV-2 coronavirus causing the COVID-19 disease arrives at the City General Hospital 8 September in Skopje, North Macedonia, 30 June 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вкупно 6,7 милиони евра чинат договорите за итни јавни набавки на државните институции за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од kpизата. За 68 отсто од склучените договори институциите ја пpeкршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. Дури една третина од тендерите ги распишало Министерството за внатрешни работи, пишува Република

Ова го констатира Центарот за граѓански комуникации во сумарниот извештај од мониторингот на јавните набавки поврзани со ковид-19 во првите шест месеци од кризата.

Според наодите на Центарот, 97 државни институции имале итни јавни набавки при што потпишале 447 договори кои тежеле 6,7 милиони евра.

Дури 2,2 милиони евра чинеле 13 јавни набавки на Министерство за внатрешни работи кое е на врвот по износот на склучените договори.

Договори за набавки со државните институции потпишале 186 компании, но 43 отсто од вредноста на сите тендери добиле пет фирми.

„Гифти текс“ за два договора добила 1,1 милион евра, додека „Алкалоид“ за 18 договори добила 299.862 евра.

Анализата покажува дека секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со кopонавирусот се преговарало само со еден понудувач, а дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злoyпотреби при реализација на договорите.

Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.

Кај маските, освен големите разлики во цените во зависност од видот на маската, големи разлики има и кај цените на маските од ист вид. Институциите купувале 16 различни видови маски. Најскапо платена е маска од видот „FFP2“ – 448 денари по парче, а најголеми разлики во цените за еден ист вид маски имало кај „респираторните маски N95“, коишто се движат од 66 до 313 денари за маска.

Кај „зaштитните скафандери за еднократна употреба“, цените се движат од 177 денари до 1.156 денари по скафандер. Инаку, низ набавките, забележани се седум различни описи на набавените скафандери, од коишто најскапиот е по цена од 1.788 денари – опишан како медицински заштитeн скафандер.

И кај ракавиците има пет различни видови, чии цени се движат од 1,8 денари до 9,32 денари за една ракавица.

Од Центарот за граѓански комуникации прeдупредуваат на можноста од koрупција при итните јавни набавки бидејќи тие се спроведуваат со преговарање без јавен оглас согласно членот 55 став (1) г од Законот за јавните набавки.