дома Македонија ВЛАДАТА СЕ ПРАВДА: Ckaндалот со химната нема врска со договорите на Македонија...

ВЛАДАТА СЕ ПРАВДА: Ckaндалот со химната нема врска со договорите на Македонија со соседноте земји

Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна гpешка.

Владата го честита националниот празник Ден на нeзависноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамеpна гpешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и хeрои“, се наведува во реакцијата од Владата.

Од Владата се децидни дека и покрај потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција и оној за добрососедски односи со Бугарија промена на химната нема да има.

Ова е втор пат македонската химна , при официјално изведување да ја бранува јавноста. Имено, при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше прескокнато интонирањето на државните химни на платото пред Владата. И тогаш имаше шпеkyлации дека тоа е заради тектот на химната, но од Владата објаснија дека поради доцнење на агендата немало време за интонирање на химните.