дома Македонија Владата ќе ги награди со по 30 000 денари пиpoтехничарите кои ги...

Владата ќе ги награди со по 30 000 денари пиpoтехничарите кои ги отстранија гpaнатите кај стадионот во Битола

Пиротехничарите кои работеа на битолскиот стадион ќе бидат наградени. На денешната владина седница е донесена одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

Наградата е поради нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на преку 7.000 парчиња, или 52 тона гранати кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.