дома Македонија ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ОСУДЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ СОПОТ: Постигнат договор за надомест...

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ОСУДЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ СОПОТ: Постигнат договор за надомест на осудените во случајот Сопот

Пред неколку минути заврши заедничкиот состанок помеѓу генералниот секретар на Владата и претставниците на Државниот правобранител, каде што е постигнат договор за надомест на осудените во случајот Сопот, објави АЛСАТМ.

Алсат дознава дека во текот на наредните денови Економската комисија ќе го процесуира предметот, додека пак наредниот вторник се очекува договор да добие согласност од Владата.

Единаесет лица беа осудени за поставената мина на патот Сушево – Сопот кога на 4 март 2003 година загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил. Осум години подоцна беше досенсена пресудата против 11 лица од селото Сопот.