дома Политика ВЛАДА НА ЧЕЛО СО ГРУЕВСКИ: Германската владеачка партија очекува брзо формирање на...

ВЛАДА НА ЧЕЛО СО ГРУЕВСКИ: Германската владеачка партија очекува брзо формирање на Влада на чело со Груевски!

– Очекуваме брзо формирање на новата македонска Влада под раководство на Никола Груевски, изјави денеска Тобијас Зек, пратеник во германскиот Бундестаг од владејачката коалиција на Ангела Меркел и потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

– Многу е важно и корисно тоа што пред изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше средби со пријателите во Европската народна партија, како во Берлин, така и во Минхен. Очекуваме брзо формирање на нова Влада со Груевски на чело. Со задоволство очекуваме во иднина да имаме силна и плодна соработка со нашиот партнер на Западниот Балкан, изјави Зек