дома Македонија Владеачката партија открива: Со ocтавката на Заев во ocтавка е и целото...

Владеачката партија открива: Со ocтавката на Заев во ocтавка е и целото раководство на СДCM

Согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ, соопштуваат од партијата.

Во соопштението на СДСМ се наведува дека имајќи го предвид интересот на граѓаните и актуелната политичка состојба во земјата, во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.

-На денешниот состанок на раководство на СДСМ претседателот Зоран Заев информираше за консултациите и разговорите со коалициските партнери. Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока се разговорите со сите коалициони партнери од парламентарното мнозинство. Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија подршка на влада од оваа парламентарно мнозинство. На Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување, соопштуваат од партијата.

Посочуваат дека заедно со Заев, раководството работеле на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.