дома Актуелно ВЛАДЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ: Ќе ја напушти ли Зијадин Села владеачката...

ВЛАДЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ: Ќе ја напушти ли Зијадин Села владеачката коалиција, или само креваше чалам кога всушност, не смее да писне?

Собранието на Република Македонија вчера попладне ја прекина работата по 15. седница и како што најави претседателот на Парламентот Талат Џафери  пратениците ќе продолжат по локалните избори.

Пратениците на шестиот ден во рамки на 15. седница дебатира по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Џафери рече дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека Парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите, но и, како што рече, да нема чувство дека некој по секоја цена сака да постигне некоја цел.

Ваквите случувања се косат со предупредувањата на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој предупредувачки го имаше изјавено следново:

“Нашата партија ќе ја напушти владината коалиција ако во првите 100 дена од новата Влада не биде усвоен законот за употреба на албанскиот јазик” изјави Зијадин Села на редовното партиско собрание во Тетово, одржано Јули годинава.

“Јавноста ќе биде сведок на усвојувањето на законот, и не верувам дека ќе бидат потребни другите чекори. Но, ако е потребно ние сме подготвени да ги преземеме тие чекори. Во јавноста имаше информации дека за ова треба да се изјасни венецијанската комисија, со оправдување дека законот може да падне на Уставен суд. Не треба да се грижиме што прави Уставен суд, бидејќи тогаш ќе се појави потреба од уставни измени” рече Села.

Дали драматичните изјави на Села се празни зборови, односно демагогија за политички поен повеќе или треба да очекуваме редефинирање на владината коалиција, останува да видиме…