Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална, вели владиката Агатангел.
– Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална – вели владиката Агатангел.
Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.
– Никој не ни размислува да се откаже од Македонската православна црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но, цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме – нагласи владиката Агантангел.
Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.