дома Политикака ВЛАДИНИТЕ ПАСАТИ ДОБИВААТ 21-ЦОЛНИ ЗЛАТНИ ФЕЛНИ: По препорака на Александар Ружин, од...

ВЛАДИНИТЕ ПАСАТИ ДОБИВААТ 21-ЦОЛНИ ЗЛАТНИ ФЕЛНИ: По препорака на Александар Ружин, од утре започнува менување на фелните на владините Пасати

Од утре започнува постапката за промена на фелните на владините службени возила „Волксваген Пасат“ кои ќе добијат златно-жолтеникави 21-цолни фелни, а ќе „лежат“ на 35-ки нископрофилни гуми

На ваков чекор од владата се одлучиле по совет на советникот на премиерот Зоран Заев, Александар Ружин кој пред да влезе во Владиниот кабинет работеше како вулканизер, односно, препродавач на алумниски фелни, па оттука сериозно владее со материјата „тјунинг“ на автомобили. Барем кога станува збор за пневматиците.

Претставен е и еден „Пасат“ според чиј пример ќе се модифицираат сите службени Пасати на владата.

 

„Вестите во рубриката Политикака имаат за цел да ги истакнат несекојдневните и нелогични случувања во светот на политиката во Македонија. Вестите во оваа рубрика не се реални, а секоја случајност е намерна“