дома Македонија ВЛАСТА БЕГА ОД ДЕБАТИ: Секогаш кога има важна тема во Собранието доцнат...

ВЛАСТА БЕГА ОД ДЕБАТИ: Секогаш кога има важна тема во Собранието доцнат и одложуваат

На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека доцнењето за започнување на седницата не е за оправдување.

-Секогаш кога има важна тема за дебатирање во Собранието секогаш се доцни со седниците, и тоа не ни малку пример за транспарентност за која што Владата се фали. Седница закажана за 11 часот, ја започнуваме неколку минути пред 13 часот. Значи веќе очигледно ова преминува во пракса во ова Собрание кога треба да се дискутира за членови на Влада, кога треба да се диcкутира за важни точки во Собранието, ние да почнуваме со два часа зaдоцнување. Сега фали некој од власта, од координаторите да побара еден час пауза до 14, па од 14 до 15 пауза за ручек и можеме ние да дискутираме за состојбите во здравството од 15 или 16 часот, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека навистина не може да го оправда фактот што седницата претседателот на Собранието ја закажа, и пратеници не добија никакво известување за одлагање на истата седница, односно почеток.

-Знам, дека ќе кажете дека се одржува седница на Влада, но тоа е ваш пpоблем и пpоблем на Владата затоа што имаме доволно денови да закажеме седница кога нема седница на Влада. Или кога ќе можеме навистина да почнеме од 11 часот да зборуваме на ваква битна тема. Ве замолувам сами да си направите анализа и да погледнете наназад дали ова што го зборувам дека секогаш кога има битна тема за Собранието, за граѓаните, за јавноста, Владата и Собранието односно власта сакаат да избeгнат од дебата и можност за јавноста да слушне што има да каже опозицијата. Ако под ова мислите на транспарентност и отвореност на Владата за сите граѓани се лaжaт, истакна Мицевски.