дома Македонија ВЛАСТА ВО ПАНИКА: Во Струмица засилен бројот на полицајци со...

ВЛАСТА ВО ПАНИКА: Во Струмица засилен бројот на полицајци со штитови, панцири и шлемови

Иако мирниот марш кој ВМРО-ДПМНЕ денес го организира во Струмица е уредно пријавен, на терен се забележува зголемено присуство на полициски екипи.

Со заштитна ограда е намален просторот пред општинската зграда, а засилен е бројот на полицајци кои со штитови, панцири и шлемови ја обезбедуваа зградата.

Граѓаните кои се таму со чудење се прашуваат зошто е потребно толкаво полициско обезбедување против народот кој денес е собран во Струмица на мирен марш.