дома Македонија ВЛАСТА ДОЖИВEA ПOTOП: СДСМ доживеа дебakл на референдумот во Општина Дојран

ВЛАСТА ДОЖИВEA ПOTOП: СДСМ доживеа дебakл на референдумот во Општина Дојран

Со сооднос од 2,5:1 во гласови, граѓаните на Дојран на денешниот референдум го отфрлија предлогот од сдсмовскиот градоначалник Анго Ангов за јавно-приватно партнерство за водовод и канализација.

На вториот референдум во последните три години во оваа општина жителите се изјаснуваа за референдумското прашање „Дали сте за или против доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење,одведување на урбани отпадни води и третман на урбани отпадни води во општина Дојран?“. На прашањето свое мислење дале 1.420 граѓани или 53,34 отсто од запишаните 2.662 во гласачкиот список. Од нив „за“ гласале 404, „против“ биле 978, а 38 ливчиња биле неважечки.

Според планот за јавно-приватно партнерство, приватниот партнер требаше да инвестира 8,1 милиони евра во период од три години во водоводна и канализациска мрежа, а за возврат да стопанисува со комуналните услуги во наредните 30 години.