дома Македонија ВЛАСТА ЛЕЕ КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ: Протестна нота за унгарскиот амбасадор во Македонија поради...

ВЛАСТА ЛЕЕ КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ: Протестна нота за унгарскиот амбасадор во Македонија поради Груевски

Денеска во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, соопшти МНР.

Целта на средбата беше предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.