дома Македонија Власта свечено ќе пушта автопат по кој се вози повеќе од еден...

Власта свечено ќе пушта автопат по кој се вози повеќе од еден месец

Продолжува слабата реализација на капиталните инвестиции. Изградбата на патишта, водоводи, градинки, училишта е во застој. Владата вети инвестициски бум, но до сега не потрошила ниту третина од предвиденото за оваа година – за пет месеци реализирани биле едвај 13 отсто од проектираните 420 милиони евра за капиталните проекти.

Со свечена церемонија надлежните денес ќе го пуштат во употреба автопатот Миладиновци – Штип, проект кој беше почнат и речиси целосно изграден од страна на претходната власт на ВМРО – ДПМНЕ. А, пред само еден месец, АМСМ официјално објави дека оваа автопатска деница е веќе во употреба и неа граѓаните секојдневно ја минуваат.

Закочена е и изградбата на една од клучните делници, автопатот Кичево – Охрид. Проблем е финансирањето. Владата се уште преговара со кинеската Ексим банка, а ако таа се откаже, ќе треба да се бараат други кредитори, процес што може да ја пролонгира изградбата.

На стенд бај е и последната делница од пругата кон Бугарија – Владата се уште нема најдено пари за продолжување на пругата од Крива Паланка до границата. Во фаза на тестирање е и пругата Битола – Кременица која неодамна беше завршена.

Земјава железнички не е поврзана ниту на запад. Планот за изградба на железницата од Кичево до Албанија е во почетна фаза, а поради огромните долгови на Македонски железници на може да мрднат планираните инвестиции – се правдаат надлежните.

Владата во новата транспортна стратегија до 2030 година го впиша и проектот, пруга од железничката станица во главниот град до скопскиот аеродром. Сепак, проектот остана само на хартија без конкретни рокови за реализација.