дома Македонија ВЛАСТА ТРГУВА СО ПРАВДАТА: Вие имате случај во државата кога човек е...

ВЛАСТА ТРГУВА СО ПРАВДАТА: Вие имате случај во државата кога човек е фатен на дело како бара мито и тој е на една висока функција во оваа држава!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интерјву на 1ТВ рече дека секојдневно гледаме како на јавна сцена се тргува со право и правдина, и најпрво луѓето се наречени терористи, потоа се наречени убијци за на крај бидат проевропејци затоа што во тој даден момент некому му се потребни за да реализира некаква цел.

-Вие имате случај во државата кога човек е фатен на дело како бара мито и тој е на една висока функција во оваа држава. Потоа, имате градоначалник во државата којшто е фатен како шверцува цигари и добива 6 месеци затвор којшто претпоставувам дома го издржува и никому ништо, истакна Мицкоски.

На прашањето што прави ВМРО-ДПМНЕ со осомничените од СЈО, како, Милошоски, Димовски, Мицкоски одговори дека тоа се луѓе со кои што соработувале и соработуваат и во моментот. Имено тоа се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој верува во презумцијата на невиност и верува во нивната невиност.

-И можам сега до утро да ви кажам вакви примери и никому ништо, а ние сега се обидуваме да наметнеме теза дека овие луѓе кои што оставиле силна трага не само во ВМРО-ДПМНЕ туку и во Република Македонија, се дел од моето опкружување, се мои сопартијци, луѓе со кои сум израснал во таа партија и е единствена, додаде претседателот Мицкоски.

Тој потенцираше дека прва и единствена негова политичка опција од неговото полнолетство па до ден денес била, е и ќе остане ВМРО-ДПМНЕ без разлика на неговиот ангажман.