дома Uncategorized Влез во Велика Британија само со негативен тест

Влез во Велика Британија само со негативен тест

Британската влада ќе побара од луѓето што влегуваат во Англија да покажат негативен тест на коронавирус од следната недела, по пристигнувањето, со цел да се заштитат од нови видови коронавирус од други земји, соопшти владата во Лондон.

Патниците кои пристигнуваат со авион, брод или воз ќе мора да покажат негативен тест кој не е постар од 72 часа, објави британското Министерство за транспорт.

„Веќе имаме значајни мерки за да спречиме да увезуваме случаи со Ковид-19, но со ширењето на новиот вид вирус низ целиот свет, треба да преземеме дополнителни мерки на претпазливост“, рече министерот за транспорт Грент Шапс.

Доколку патниците не се придржуваат до новите правила, ќе мора да платат казна во износ од 500 фунти, пренесува „Ројтерс“.

Исклучок се превозниците, деца под 11-годишна возраст, членови на екипажот и патници кои доаѓаат од земји каде што тестирањето не е достапно, соопшти владата.