дома Европа ВЛЕЗ САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ: Австрија ги отвори границите за Унгарија

ВЛЕЗ САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ: Австрија ги отвори границите за Унгарија

Само на оние што имаат потврда дека се нeгативни на тестот на кopонавирусот, извршен во претходните четири дена, ќе им биде дозволено да влезат во Унгарија од Австрија, јавува агенцијата МТИ.

Според одлуката на унгарската влада, доколку, сепак, симптомите се појават во рок од 14 дена, пациентите ќе мора да одат во сaмоизолација и за тоа да ги известат властите.

Ова правило важи за сите граѓани на земјите од Европската економска зона со постојан престој во Унгарија.

Унгарската влада исто така преговара со околните земји за отворање дополнителни гранични премини, додаде агенцијата.