дома Свет Влоговите се огромни: САД со koнтра предлог до Русија

Влоговите се огромни: САД со koнтра предлог до Русија

САД се подготвени да разговараат за сите прашања во рамките на НАТО или ОБСЕ со Русија. Меѓутоа, ако Москва продолжи со агресијата, ќе има сериозни последици, изјави заменик-државниот секретар за политички прашања, Викторија Нуланд.
„Отворени сме за консултации во НАТО, ОБСЕ или стратешки дијалог меѓу САД и Русија за контрола на вооружувањето. Сепак, мора да биде јасно дека ако Москва не избере да ги намали тензиите и да продолжи со понатамошна агресија, тогаш ќе има сериозни последици. Работиме на гаранции дека ќе бидеме обединети и подготвени во случај да дојде тој тажен ден“, рече Нуланд.

Според неа, влогот е голем и може да се доведе во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, правото на НАТО да донесува одлуки и општата безбедност во Европа. Таа ја обвини Русија дека ги блокира напорите за решавање на ситуацијата во Украина во рамките на нормандискиот формат. Таа напомена и дека доколку напорите на САД се корисни паралелно со овој формат, тогаш Вашингтон со задоволство би ги поддржал.
Нуланд изјави дека руското раководство сè уште нема донесено одлука за инвазијата на Украина и додаде дека Москва веќе ги подготвила сите средства во случај на такво сценарио, вклучително и армијата, средствата за внатрешна дестабилизација на Украина и дезинформации за ситуација.

Американскиот заменик државен секретар потсети дека американскиот претседател Џозеф Бајден во разговор со рускиот претседател Владимир Путин рекол дека постои можност против Русија да се користат економски и политички инструменти кои досега не биле користени. Нуланд нагласи дека САД работат на мерки чие влијание ќе биде брзо и далекусежно.
„Да и дадеме шанса на дипломатијата. Ако има причини за загриженост кои можеме да ги исправиме, ќе го направиме тоа, но не на сметка на суверенитетот на Украина или на која било европска земја“, заклучи Нуланд.

Претходно „Блумберг“ објави дека Вашингтон планира следната недела да одговори на рускиот предлог за безбедносни гаранции, од кои дел смета дека е корисен, а другиот дел неприфатлив.
Во средината на ноември, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да побара од САД и НАТО да и дадат на Русија сериозни и долгорочни безбедносни гаранции. Тој неколку пати зборуваше за усните уверувања на Москва дека НАТО нема да се прошири и дека ветувањата се прекршени.
Потсетуваме дека на 1 декември претседателот на Русија предложи почеток на преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО на исток.