дома Свет Влaдaтa нa САД пoвeќe нeмa дa бapa oд нoвинapитe дa ги oткpивaaт...

Влaдaтa нa САД пoвeќe нeмa дa бapa oд нoвинapитe дa ги oткpивaaт извopитe

По неодамнешното откритие дека администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп тајно добивала снимки од телефонски разговори и содржината на електронската преписка на бројни новинари, Министерството за правда на САД денес објави дека повеќе нема да бара извори на новинарски информации.

Извештаите на „Си-ен-ен“ и „Вашингтон пост“ наведуваат дека администрацијата на Трамп тајно се обидувала да добие снимки од телефонски разговори спроведени од одредени новинари во 2017 година.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Министерството за правда, под претседателство на Трамп и Бајден, водело „тајна правна битка“ за да овозможи увид во електронската преписка на четворицата новинари на весникот и извршило притисок врз управата на весникот да не објавува одредени информации.

Претседателот Џозеф Бајден минатиот месец рече дека нема да дозволи Министерството за правда на САД да презема снимки од телефонски разговори на новинари или да ја контролира содржината на нивната е-пошта, бидејќи таквите постапки ќе бидат „едноставно погрешни“.