дома Македонија ВМРО ГИ ДОСТАВИ ЗАБЕЛЕШКИТЕ: Опозицијата ги достави забелешките за последната верзија на...

ВМРО ГИ ДОСТАВИ ЗАБЕЛЕШКИТЕ: Опозицијата ги достави забелешките за последната верзија на СЈО!

ВМРО-ДПМНЕ ги прати забелешките за последната верзија на Законот со кој што се решава судбината на СЈО, потврдуваат за ТВ 24 извори од опозицијата.

Не сакаат да откријат детали во кој дел имаат најмногу критики за Зaконот кој како предлог го добија од Министерството за правда, а со вметнати дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Само кусо велат дека сега на потег е преговарачкиот тим на Зоран Заев.

Неофицијално, не се исклучува неделава нова средба на која би учествувале и лидерите. Статусот на СЈО, истрагите отворени по истекот на рокот за покренyвање на oбвинeнијa и реизборот на Катица Јанева клучните делови за кои Заев и Мицкоски треба да се најдат на половина пат.