Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Република Македонија нема иднина додека е СДСМ на власт.
Една година СДСМ, една година лаги и манипулации. Државата е во заложништво на Заев и неговиот картел. Граѓаните одлучно и решително излегоа и се спротивставија на криминалите на оваа власт предводена од Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Република Македонија нема иднина додека е СДСМ на власт.
-Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Граѓаните заслужуваат просперитетна иднина, квалитетен живот и сигурна и безбедна иднина за нив и за нивните деца. Време е да се стави крај на криминалните политики на Зоран Заев и картелот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.