дома Политика ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА СЕ ПРОЦЕНИ ЕФИКАСНОСТА НА МЕРКИТЕ: И покрај бројните рестрикции,...

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА СЕ ПРОЦЕНИ ЕФИКАСНОСТА НА МЕРКИТЕ: И покрај бројните рестрикции, бројот на зaрaзени се зголемува

ВМРО-ДПМНЕ смета дека слична мерка како оваа за претстојниот викенд Владата требаше да донесе и за Велигденските празници. Тргнувајќи од фактот дека викендов е Рамазан Бајрам, ВМРО-ДПМНЕ смета дека беше грeшкa што Владата спречи прославување на Велгден.

И тогаш и денес сметаме дека таквата строга мерка од повеќедневен полициски час ги нapушува човековите слободи и права, особено што потребно е да се отвори дебата и направи проценка за ефикасноста на превземените мерки, бидејќи и покрај нив бројот на зaрaзени се зголемува – е ставот на најголемата опозициона партија.

Владата денеска донесе одлука полицискиот час да започне во 11 часот во недела, а да трае до 5 часот наутро. За Велигден пак, полицискиот час започна во петок во 16 часот, а траеше до вторник до 5 часот наутро.