дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ вечepвa вo Битола opгaнизиpa пpocлaвa нa 8 Септември

ВМРО-ДПМНЕ вечepвa вo Битола opгaнизиpa пpocлaвa нa 8 Септември

Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организира прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Од опозициската партија велат дека тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“.

ВМРО-ДПМНЕ во Битола прво ќе одржи трибина, „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, и првиот градоначалник на Битола, Златко Милошески.Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Официјалната прослава на 8 Септември – Денот на независноста ќе се одржи пред Собранието во Скопје.