дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде.

По неколкуте купување на скапа струја, склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра.

Доколку оваа сума се собере со претходните 11 милиони евра потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа доаѓаме до сума од над 38 милиони евра, пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.

Струја се купува затоа што нема домашно производство, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите.

Неспособноста за слабиот менаџмент со енергетските претпријатија ја плаќаат граѓаните од чии џебови се одвојуваат овие тешки милиони за да се купи струја, за подоцна и таа скапо платена струја некој од власта да ја краде за копање на биткоини.

Со оваа власт системот не функционира. Не чека енергетска криза од невидени размери и оваа власт не знае како да се справи. Затоа потребни се промени, брзи избори, а потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.