дома Политика ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ: Анкета на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува предност на...

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ: Анкета на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Според последната анкета која е направена на крајот на месец мај, ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ. На прашањето доколку следната недела има избори 21.5 проценти од граѓаните одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за владејачката СДСМ гласот би го дале 19.5 проценти.

Во периодот помеѓу 25-28 мaj 2018 година Институтот Димитрија Чуповски спроведе телефонска анкета на 1030 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за рејтингот на политичките партии и личности. Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Како што веќе погоре пишавме предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е скоро 2 проценти, 30.2 проценти од граѓаните одговориле дека нема да гласаат, додека 12.1 процент кажале дека не знаат за кого ќе го дадат својот глас.

6.3 проценти од гласачите својот глас би го дале за ДУИ, 3.2 за Алијансата на Албанците, 2.1 за Беса, 0.8 за ДПА, 4 проценти од граѓаните пак одговориле со друга опција.