April 18, 2024, 11:38 am

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на проекти на СДСМ главен адут им е недела неработен ден, што покажува колку малку работи оваа власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После 5 години власт на Заев Македонија се наоѓа среде економска, а главен проект на СДСМ е не работна недела. Тоа само покажува дека оваа власт ништо не работи и дека всушност тие се изворот на кризите и главната пречка кон напредокот на стандардот на народот.

Оттука оваа власт која е извор на кризите не може да биде решение на истите. СДСМ и Заев се причината поради која Македонија галопирачки се задолжува, поради која сме на дното во регионот и Европа по стапките на странските инвестиции, поради која инфлацијата ја зголемува сиромаштијата, поради која цената на струјата расте, поради која во пресрет на грејната сезона нема домашно производство на електрична енергија, туку скап увоз кој се плаќа со народни пари.

Друг пат кога СДСМ ќе сака да обвинува други и да бара алиби за својата неспособност и неодговорност, нека ги погледне резултатите на последните избори и ќе разбере дека на народот му е доста од криминалот и корупцијата на власта на Заев.

Овие 5 години власт на Заев народот тоне во сиромаштија, а елитата се богати врз нивниот грб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This