дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ГО ОДЛОЖИ ПРОТЕСТОТ: Пуштањето на Темелко е победа за ВМРО-ДПМНЕ, протестот...

ВМРО-ДПМНЕ ГО ОДЛОЖИ ПРОТЕСТОТ: Пуштањето на Темелко е победа за ВМРО-ДПМНЕ, протестот презакажан за 3. декември!

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестниот собир пред Влада кој беше најавен за вечерва во 19 часот. Како што соопштија од партијата протестот е одложен за на 3 декември.

Собирот требаше да биде реакција на одлуката за притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, но денеска Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.

Неофицијално, од партијата се сомневаат дека одлуката за да му се укине притворот на темелко доаѓа по нивната најава за организирање на протести.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа. Потенцираат дека протест ќе има следната недела против сите неправди.