дома Политика ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ НОВИ ПОРТПАРОЛИ: Новинарот Наум Стоилковски и екс-потпретседателот на УМС Димче...

ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ НОВИ ПОРТПАРОЛИ: Новинарот Наум Стоилковски и екс-потпретседателот на УМС Димче Арсовски нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарот Наум Стоилковски и доскорашниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски, на синоќешниот состанок на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ биле поставени за портпароли на партијата

ВМРО-ДПМНЕ со овие две кадровски решенија планира да изврши промена во пристапот во медиумите и да воведе нов принцип на работа.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше во Телевизија Нова, по што сега влегува во политика како гласноговорник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски од друга страна е кадар кој излегува од партискиот подмладок, има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во последните години функционираше без портпарол, сега партијата поставува двајца.

Во текот на денот се очекува официјална потврда од партијата.