ВМРО-ДПМНЕ: Државниот долг зголемен над 50 проценти откако оваа влада е на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот долг, според последната состојба, е зголемен за 2,12 милијарди евра, за 12,1 процентни поени, или за над 50% во изминативе 5 години, или од доаѓањето на оваа Влада на власт. Јавниот долг го надмина Мастришкиот критериум од 60% од БДП и надмина 7 милијарди евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но и покрај овие поразителни податоци, министерот Бесими и Министерството за финансии се одважија да го искористат државниот долг за предизборен маркетинг. По втор пат во два месеци соопштуваат дека исплатиле еврообврзница, која и онака доспеваше редовно за исплата во јули и дека како резултат на тоа се намалил државниот долг, велат од партијата.
Но она што се разбира го изоставија да го споменат е дека и јавниот и државниот долг и годинава и следната и таа по неа ќе расте. Така велат барем нивните проекции. За годинава Министерството за финансии проектирало државен долг од 54,5% од БДП и јавен долг од скоро 64%. Оттука се поставува прашањето, дали по изборите е на повидок ново задолжување.
Согласно Ребалансот на буџетот за 2021 година, Владата планира на домашен и странски пазар годинава да се задолжи 1,45 милијарди евра, односно 89,2 милијарди денари.
Она што е најтрагично е дека овие средства нема да одат за економски и општествен развој на оваа земја. Капиталните инвестиции заклучно јули се реализирани со 30%. Парите се трошат на луксузирање на функционерите и на партиски вработувања.
За жал, сметката за овие задолжувања и ова недомаќинско работење ќе ни стигне на нас, народот. Веќе се спремаат нови даноци и такси кои ќе се наплатат од нардот по изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This