дома Политика ВМРО-ДПМНЕ дeнecкa во Куманово, Карпош и Киceлa Вoдa, СДСМ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ дeнecкa во Куманово, Карпош и Киceлa Вoдa, СДСМ во Тетово

Партиите денеска ја завршуваат првата недела од изборната кампања. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи три митинзи, а СДСМ ќе биде во Тетово и Ѓорче Петров.

На Градскиот плоштад во Куманово во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг, следниот е закажан во 19:30 часот на плоштадот Млечен во Карпош. Партиските активности ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги заокружи со митинг во Кисела Вода кој ќе започне во 21 часотНа сите митинзи најавено е обраќање на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе биде во Општините Боговиње, Брвеница, Јегуновце и Желино, а вечерта ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатите за советници на Општина Тетово на Плоштадот „Маршал Тито“ со почеток во 20 часот.

Вториот караван ќе биде во Општина Ѓорче Петров, каде потпретседателот Венко Филипче ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18 часот кај Амфитеатарот кај Корзото во Ѓорче Петров.