ВМРО-ДПМНЕ: Дoдeкa cкoпjaни чeкaa нoви пpoeкти, Шилегов cи гpaдeше хaциeндa вo Маврово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов ќе остане запаметен по стотината ветени, а нереализирани проекти. Тој знае дека ништо не направил и давал само лажни ветувања како Зип лајнот од Кале до Градски парк, тунелот под Кале, продолжувањето на Булевар Илинден и редица други проекти.

Шилегов е воочливо нервозен затоа што нема ништо направено, а нема ниту понуда што би направил, тој копира од ВМРО-ДПМНЕ.

Брзиот кружен тек кој го најавува кај Момин поток е проект на Коце, исто како и подземната сообраќајница кај Јужен булевар, која ја гради Лимак, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало. Но и по тоа што од функција си го зголеми имотот за половина милион евра.

Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си ја градеше хациендата во Маврово и креваше два спрата дивоградби на зградата во Карпош.

Скопјани очекуваа проекти, а 4 години градот стагнира.

Скопје мора да биде посредено, Скопје заслужува да оди напред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This