ВМРО-ДПМНЕ: Заев нa 4 дeна пpeд избopи дeли пoткyп нa 160 фиpми, а Кондовски во Битола paзнecyвa цpни вpeќи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи.

Вчера на седница на влада се изгласа поткуп за 160 фирми, насловена како финансиска помош за фирмите. Доколку ова беше помош, а не поткуп можеше да се изгласа пред или по изборите. Но се гласа сега затоа што Заев е во паника и знае дека губи, па сака да го намали поразот.

СДСМ врши поткуп, активисти и советници од власта се шетаат со црни вреќи низ Битола, се плашат од огромен дебакл. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео материјалот кој го објавија медиумите јасно покажува дека советници од власта во Битола во брендирани возила на Христо Кондовски носат црни вреќи во Баиро.

СДСМ знае дек губи и затоа прибегнува кон поткуп, свесни се за огромниот пораз кој им претстои.

За сите случаи на поткуп ќе бидат известени меѓународните претставници во земјава и ќе бидат поднесени соодветни пријави. Одговорност мора да има. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This