дома Политика ВМРО-ДПМНЕ ЗА СЦЕНАРИОТО: СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел...

ВМРО-ДПМНЕ ЗА СЦЕНАРИОТО: СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација

Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија се дел од смисленото сценарио на власта на Зоран Заев и СДСМ. Власта вчера удри по својот народ и ниту едно клеветничко соопштение на СДСМ нема да го покрие тоа. СДСМ треба да се извини што полицијата беше злоупотребена, а повредени се граѓани, возрасни луѓе, жени и деца. СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Зоран Заев СДСМ ја деградираат Република Македонија и го продаваат уставното име свесно се обидуваат да го вовлечат ВМРО-ДПМНЕ во црно сценарио и насилство. ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваквото сценарио. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели, стои во реакцијата и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. Ќе дојде времето кога секој што се огрешил кон државата и кон народот ќе одговара. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи“.