ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев, лика и прилика на заевизмот со сите нишани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитар Ковачевски е пиун на Зоран Заев и верен продолжувач на заевизмот. Цело време молчеше додека заевизмот ја туркаше Македонија во кризи, па и самиот беше учесник во лошите политики на власта, и затоа сега тој не може да се нуди како решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата е наведува дека Ковачевски е пиунот на Заев е лика и прилика на Заевизмот со сите нишани, почнувајќи од неодговорноста, па до манипулациите.

-Ковачевски, пиунот на Заев, беше фатен во пропагандната лага на заевизмот која се обидуваше да го прикаже како хардварски студент, а всушност тој посетувал неколку дневен скапо платен курс. Уште повеќе што постои основан сомнеж како ја стекнал и неговата докторска титула, имајќи предвид дека докторатот го одбранил во Црна Гора во време кога неговиот татко е амбасадор во таа земја, а тој во исто време е носител на висока позиција во македонскиот телеком. За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Но очигледно во заевизмот се е можно, стои во соопштението.

Ковачевски, пиунот на Заев не може да биде иднината на Македонија. Тој може да биде само верен послушник и ништо повеќе.

Вистинскиот напредок на Македонија е можен само со пораз на заевизмот на предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This