дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски по посетата на Брисел, на регионални средби со Пленковиќ, Вучиќ...

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски по посетата на Брисел, на регионални средби со Пленковиќ, Вучиќ и Јанша

По бројните средби кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги оствари во рамките на посетата на Брисел и политичкото собрание на Европската Народна Партија, остварува посета на повеќе балкански центри.

Утринава во Белград имаше средба со Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ, а во текот на утрешниот ден ќе оствари посета на Загреб Хрватска каде ќе се сретне со премиерот на Република Хрватска и лидер на сестринската ХДЗ Андреј Пленковиќ , во потоа ќе оствари средба со лидерот на Словенечка демократска партија која победи на последните парламентарни избори во Словенија Јанез Јанша. Средбите доаѓаат во период кога Мицкоски има нагласена меѓународна агенда и истите ќе се искористат за јакнење на меѓусебните врски и соработка на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски по средбата со претседателот Вучиќ.