March 28, 2024, 12:09 pm

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе оди со нови имиња, веќе се дефинирани 15-на кандидати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на кандидати за претстојните локални избори, а до средината на јули ќе соопшти уште толку.

Како што рече вечерва лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се работи за комплетно нови имиња.

-За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември, истакна Мицкоски во дневникот на ТВ Сител.

Актуелните 15 имиња, дополни, се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници.

Попладнево, на брифинг со новинарите, генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски соопшти дека првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули. Според него, СДСМ ќе ја креира најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This