ВМРО-ДПМНЕ НЕМА НАМЕРА ДА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО: Груевски објасни дека партијата нема донесено одлука да го напушти Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за судењето за насилството во Општина Центар.

-Немаме таква одлука- одговори Груевски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

Во врска со вчерашната средба кај Ѓорге Иванов, заедно со премирот Зоран Заев, Груевски рече дека била организирана со цел да се смират тензиите.

-Немам некакви детали за средбата. Претседателот Иванов во обид да ги смири тензиите во општеството што се создадоа по политичките хајки, нè повика на разговор – рече Груевски.

Тој исто така обвини дека судот има двојни аршини, кога е во прашање неговото судење и судењето против Зоран Заев за случајот „Поткуп“.

Груевски повторно изјави дека не чувствува вина и дека не стравува од санкции.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This