дома Политика ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ХОРСКО ДРУШТВО ПА СЕКОЈ РАЗЛИЧНО ДА ПЕЕ: Разочаран сум...

ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ХОРСКО ДРУШТВО ПА СЕКОЈ РАЗЛИЧНО ДА ПЕЕ: Разочаран сум од 7-те пратеници, исклучените одеа против партијата!

Моето предвидување од таа перспектива било погрешно. Очигледно сум се надевал дека во Македонија постои право и правдина, дека судството е независно. Но, видовме дека моите претпоставки не се точни и ќе морам да научам да живеам со оваа слабост во иднина, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на телевизија Алсат-М одговарајчи на прашањето зошто неговите прогнози дека пратеничката група е копмпактна не се реализирале.

Мицкоски додаде: „Токму од овие мотиви сум разочаран од сите 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на одлука на Конгрес, на партиска програма на која биле избрани, спротивно на одлука на Централен комитет, спротивно на одлука на Извршен комитет.“

Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ не е хорско друштво, па секој во различен тон да пее. Е сега кога вие знаете дека има конгресна одлука, која што дава точна насока како треба да се постапува по прашањето за името, конгресна одлука од Конгресот во Валандово која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Куманово, која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Битола, имате партиска програма со која сте излегле на изборите во 2016 година врз основа на која вие сте го добиле мандатот, имате одлука на Извршниот Комитет, имате одлука на Централниот комитет и вие постапувате спротивно на таа одлука, вели Мицкоски.

Според него во политиката и во партиите е многу важно доколку се има сет на документи и серија политики да продолжат да се следат бидејќи на друг начин тие ја ризикуваат позицијата меѓу сопартијците.