дома Социјални Мрежи ВМРО-ДПМНЕ останува пpoтив договорот од Нивици

ВМРО-ДПМНЕ останува пpoтив договорот од Нивици

Антонио Милошоски за декретот на Џо Бајден, со кој на „црна листа“ се ставаат противниците на Преспанскиот договор, вели дека станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси.

– ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити македоснките национални и државни интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси – изјави Милошовски за „Слободен печат“.

Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува безкомпромисната борба со криминалот и корупцијата содржани во рамката и во тој случај, истакнува тој, „половина Влада на Зоран Заев и СДСМ треба да биде на црната листа“.