дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: Хунтата претера – вечер во 19.00 часот сите...

ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: Хунтата претера – вечер во 19.00 часот сите пред влада!

По одлуката за продолжување на притворот на Едмонд Темелко и одлуката на судот за назначување на нов 30 дневен притвор, ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикува на протестен собир кој би започнал во 19 часот пред Владата на Република Македонија.

Едмонд Темелко е со нарушено здравје и според многумина продолжувањето на притворот може да биде фатално по неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој би започнал пред Владата, од каде луѓето би се упатиле пред судот.